Живеење и работење во Германија: Регулатива за Западниот Балкан

Информации за добивање работна дозвола на државјаните на земјите на Западниот Балкан

Дали размислувате за тоа да живеете и работите во Германија?

На овие страници ќе најдете информации за тоа кои се условите и процедурите за добивање дозвола за престој на државјаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Сакаме да Ве информираме кои можности Ви стојат на располагање за да добиете дозвола за престој за да можете да работите во Германија и кои услови треба да ги исполните за тоа.

Вашиот пристап на германскиот пазар на трудот во рамките на таканаречената Регулатива за Западниот Балкан (член 26, ставка 2 од Уредбата за вработување)

Регулативата за Западниот Балкан им овозможува на државјаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Северна Македонија, Црна Гора и Србија пристап на пазарот на трудот во Германија за секое работно место. Регулативата во почетокот беше ограничена на периодот од 2016 до крајот на 2020 год. Поради тоа што меѓу работодавачите во Германија имаше голема побарувачка од работници од тие земји, регулативата е продолжена до 31 декември 2023 год.

И понатаму не е дозволено да се работи како наемен работник. За да даде одобрување, Државниот завод за вработување проверува дали за некое работно место веќе има на располагање работници од Германија или од Европската Унија (проверка на приоритетот) и дали условите за вработување се исти со условите за работниците од Германија.

Забелешка:
Бројот на одобренија на првото барање е ограничен на 25.000 на една календарска година.
Поради пандемијата од Ковид-19, во Германија се воведени ограничувања на патувањата од многу земји. Најнови информации може да најдете на следнава страница.

Кои услови треба да ги исполните?

  • Ви треба обврзувачка понуда за работа од страна на работодавач во Германија.
  • Во последните 24 месеци пред да го поднесете барањето не треба да имате користено никакви погодности врз основа на Законот за азил. 
  • Мора да ги исполнувате законските услови за добивање виза.

Што треба да направите понатаму?

За да патувате во Германија заради работа потребна Ви е виза, за која мора да поднесете барање до германската амбасада во една од наведените држави.

Седиштето на германската амбасада во Вашата земја ќе го најдете на www.auswaertiges-amt.de.

Дозвола за работа

Информации за подносителите на барање со одредени квалификации

Како да се подготвите

Informacije o traženju radnog mjesta i uvjetima za život i rad u Njemačkoj