Како да се подготвите

IInformacije o traženju radnog mjesta i uvjetima za život i rad u Njemačkoj

Научете германски јазик

Кога барате работа и поднесувате молба за работа потребно е во одредена мера да го знаете германскиот јазик. На располагање ви стојат јазични курсеви во некој Гете институт во вашата земја или во која било друга јазична школа. Интернет-страницата „Deutschen Welle“ нуди бесплатни јазични курсеви преку интернет.

Повеќе информации за учењето германски јазик и за различни јазични курсеви ќе најдете на страницата www.make-it-in-germany.com
 

Подгответе сведетелство/диплома и потребна документација

Најголеми шанси за вработување во Германија имаат подносителите на молба со високи стручни квалификации. Меѓутоа, постојат и можности за вработување за кои не се потребни стручни квалификации, како и многу работни места за стекнување обука. Ако сте завршиле основно или средно образование или студии, треба да приложите и докази што го потврдуваат тоа. Ако сте академик или специјалист и ги исполнувате условите наведени во поглавје 2, би требало уште од дома да испратите барање за прифаќање на вашиот завршен степен на образование.

Како да најдете работа

Сите работни места што се пријавени во Државниот завод за вработување, објавени се на страниците на Заводот за вработување. Централната агенција за посредување за странски и стручни кадри и виртуелниот центар за добредојде ќе ви помогнат при барањето работа со различни услуги. Секако дека за вработување може да ви помогнат и други корисни портали како што се www.stepstone.de или www.monster.de. На www.zeitung.de и  www.onlinenewspapers.com ќе најдете преглед на сите надрегионални и регионални весници во Германија. И на интернет страниците на некои од тие весници може да прегледувате слободни работни места. Исто така, и на интернет-порталот www.eures.europa.eu може да барате понуди на работни места во Германија.

Како да се пријавите

За упешно барање работа треба да имате добро подготвена документација за пријавување за работа. Информации за разни модели на вработување во Германија ќе најдете на www.make-it-in-germany.com/en/. Интернет-страницата www.europass-info.de нуди документи за пријавување спорд европскиот стандард, вклучувајќи CV (кратка биографија), потврда за познавање на јазик, формулар за опис на стручната квалификација и „Diploma Supplement“ за академски дипломи.

Кога ќе сакате да го доведете и семејството

Ако сте добиле работна виза и дозвола за престој во Германија, може да ги доведете и членовите на вашето потесно семејство (брачен другар и/или малолетни деца) ако располагате со доволно станбен простор и ако можете да се грижите за животните потреби на своето семејство без да барате помош од државата.

Оваа регулатива му допушта и на вашиот сопружник да се вработи и важи толку долго колку што важи и вашата дозвола за престој. По доаѓањето, членовите на вашето семејство мора во рок од една седмица да се пријават во канцеларијата за пријавување за престој и да побараат дозвола за престој во канцеларијата за странски државјани.

Имате ли уште прашања?

За сите прашања поврзани со вашето барање за работа и со условите за живеење и работење во Германија може да се обратите телефонски или преку е-пошта до виртуелниот Центар за добредојде во рамките на службата за посредување за странски и стручни кадри во склоп на Државниот завод за вработување. 

Двата информативни портали www.eures.europa.eu i www.make-it-in-germany.com темелно инфромираат за условите за живеење и работење, стандардите за пријавување за работа, социјалното осигурување, даноците и многу други теми што се важни за да можете да се подготвите за работа во Германија. Ако имате прашања за начинот на доаѓање во Германија, за работната дозвола или дозволата за престој, обратете се во германската амбасада во вашата земја.